Закочена продажбата на станови, но цените нема да растат

Bez autora
May 03 2012

Градежните компании во државата последниве две недели се соочуваат со тотален застој во продажбата на станови. Тие не ги знаат точните причини за новонастанатата состојба, но неофицијално, ги поврзуваат со политичката клима во државата по убиствата кај Смиљковското Езеро. Градежниците велат дека очекуваат стабилизирање на состојбата и не најавуваат поскапување на станбениот квадрат, иако во најновата анкета на Државниот завод за статистика - ДЗС Деловни тенденции во градежништвотоо раководители на градежните компании изјавиле дека во наредниот период очекуваат зголемување на продажните цени. Поскапувањето за кое се изјасниле раководителите може да се однесува на градежните материјали чија цена во последно време е во постојан пораст. Но, тоа се уште не е причина за корекција на цените на становите. Поради застојот во продажбата не е момент за поскапување на становите, а исто така, процентот на пораст на цените на градежните материјали до сега не е толкав за да не можат да го издржат градежните компании.

Закочена продажбата на станови, но цените нема да растатГрадежните компании во државата последниве две недели се соочуваат со тотален застој во продажбата на станови. Тие не ги знаат точните причини за новонастанатата состојба, но неофицијално, ги поврзуваат со политичката клима во државата по убиствата кај Смиљковското Езеро.

Градежниците велат дека очекуваат стабилизирање на состојбата и не најавуваат поскапување на станбениот квадрат, иако во најновата анкета на Државниот завод за статистика - ДЗС Деловни тенденции во градежништвотоо раководители на градежните компании изјавиле дека во наредниот период очекуваат зголемување на продажните цени.

Сеат Кочан, претседател на Градежната комора при Сојузот на стопански комори - ССК, вели дека поскапувањето за кое се изјасниле раководителите може да се однесува на градежните материјали чија цена во последно време е во постојан пораст. Но, додава тој, тоа се уште не е причина за корекција на цените на становите.

- Поради застојот во продажбата не е момент за поскапување на становите, а исто така, процентот на пораст на цените на градежните материјали до сега не е толкав за да не можат да го издржат градежните компании. Ние правиме анализи и се уште сме во состојба зголемениот трошок за производство да го книжиме на своја сметка и да не ги коригираме цените на становите. Но, ако растот не запре и ако неговото учество во нашиот производ надминеме на пример пет отсто, ние ќе мора да интервенираме во цените. Сепак, мислам дека тоа годинава нема да се случи и дека светската економска криза максимумот ќе го достигне до крајот на овој месец. Сега за сега, се уште можеме да балансираме - вели Кочан.

Тој објаснува дека цените на горивото се причината за растот на цените на градежните материјали. Тие најмногу се одразуваат во транспортот, а потоа и во цената на производот преку репроматеријалите од деривати. И покрај ова, Кочан, сепак, вели градежниците очекуваат добра година.

- Со ребалансот на буџетот се кратат средствата за капитални инвестиции, но не очекуваме тоа да се одрази на нашата работа. Проектите од Скопје 20144 ќе мора да се довршат, а во разговори со одговорни лица во Владата добивме уверување дека само може да забават - објаснува тој.

Дека годинава работите тргнале подобро, а и очекувањата за понатаму се оптимистички покажува и анкетата на ДЗС. Раководителите на градежните фирми се изјасниле дека во првото тримесечје од оваа година економската состојба им била подобра отколку во претходното тримесечје, како и во истиот период лани.

Тие оцениле дека и финансиски стоеле подобро, а дале и поповолни очекувања во однос на бројот на вработени. Градежниците во анкетата одговориле дека годинава потпишале повеќе договори за работа, а квалитетот и состојбата на механизацијата што ја имаат биле подобри.

- Ако нема некое подобрување, ќе бидеме задоволни и ако се задржиме на сегашното ниво. И тоа е успех, ако се споредиме со земјите во регионот, каде што градежништвото е во опаѓање - вели Кочан.

Според Деловните тенденции во градежништвотоо, поголемо ограничување за подобрување на сегашната градежна активност се зголемените трошоци за материјали. Во сите причини за тоа зошто не работат подобро, оваа учествува со 18,7%. Ограничувачки фактори се и немањето доволна побарувачка, кое учествува со 14,7%, потоа зголемените трошоци за камати - 12,3% и недостигот на опрема - 11,7%.

- Хроничен проблем за градежниците се високите камати, но и недостапноста до банкарски кредити. Во услови на помало инвестирање градежниците ги фаќа паника, зашто каматите треба да се плаќаат. Поради ова се оди на помала понуда со повисоки цени. Во моментов, понудата на станови се уште е поголема од побарувачката - истакнува претседателот на Градежната комора при ССК, додавајќи дека позитивен фактор е тоа што од година во година состојбата со опременоста на градежните компании видливо се подобрува.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik